Banner
Нестабилната фунта ја зголеми загубата
World - Business
Friday, 06 February 2009 12:50
britishairways1.jpg За следниот квартал Бритиш Ервејз прогнозира раст на приходите за 4 отсто.

Во известувањето од Бритиш Ервејз се вели дека во првите девет месеци од финансиската година 2007/2008 е остварена загуба од 127 милиони фунти, додека пак добивката изнесува 642 милиони фунти. Извршниот директор БА Вили Валш, како главен виновник ваквиот лош финансиски резултат  се наведува слабеењето на вредноста на фунтата како и глобалната економска криза.

Приходите во првите девет месеци се зголемени за 6,2 отсто, на 7,05 милијарди фунти. На оперативно ниво, Бритиш Ервејз оствари добивка од 89 милиони фунти, во однос на остварените 744 милиони во истиот период претходната година. Бројот на патниците е намален за 1,3 отсто на годишно ниво.

Компанијата за престојната фискална година прогнозира раст од 4 отсто на приходите на годишно, додека пак проекцијата на оперативната загуба е на ниво од 150 милиони фунти.

Бритиш Ервејз е официјален национален авиопревозник на Велика Британија и една од најголемите авиокомпании во светот. Главни централи на авиокомпанијата се аеродромите: Лондон Хитроу и Лондон Гетвик.
 
 

COMPANIES

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

FUNDS


Exchange rates from NBRM

21.05.2012

Buying Selling
EUR61.352461.969
USD48.229248.7139
GBP76.2977.0567
CHF51.075951.5892
SEK6.74236.8101
NOK8.07538.1565
JPY0.60.61
DKK8.25428.3371
CAD47.416647.8932
AUD47.637548.1163
Copyright MK FUNDS © 2009 All Rights Reserved. Designed by Imaginative Advertising.