|
Пад на продажбата на возила во Јапонија |
|
World -
Business
|
|
Wednesday, 07 January 2009 02:22 |
Продажбата на нови возила во Јапонија во 2008 година падна на најниско ниво за последните 34 години
Причина е и намалената побарувачка, како последица на светската финансиска криза. Според јапонското здружение на автодилери, во изминатата година се продадени 3,21 милиони возила, што е пад од 6,5 отсто во однос на претходната година.
За споредба, во рекордната 1990 година, во Јапонија биле продадени 5,97 милиони нови автомобили. Поради драстичниот пад на продажбата, јапонските производители на автомобили се принудени да го намалат производството, да ги ограничат новите инвестиции и да ги намалат прогнозите за добивка.
(Дневник)
|