| Индискиот „Енрон“ призна измама |
| World - Business | |
| Tuesday, 13 January 2009 13:58 | |
Индиската Влада ќе ја зајакне регулативатаВладата на Индија изјави дека ќе ја прошири и ќе ја засили регулативата со која се спречуваат измами, откако Претседавачот на четвртата по големина софтверска фирма во земјата обелодени дека ги фалсификувал сметките на компанијата, јавува арапскиот портал Ал Џезаира.
Рамалинда Ражу, Престедавач на Сатијам Компјутер Сервисес, поднесе оставка минатата недела откако призна дека ја „надувувал добивката во текот на последните неколку години“. Портпаролот на Ражу, Арчана Утапа, изјавила дека билансот на состојба на компанијата бил преполн со „фиктивни“ средства и „непостоечки“ износи на готови средства. Таа, исто така, рекла и дека не е јасно каде точно се наоѓа Ражу во моментот. Поради вестите за сметководствениот скандал, акциите на Сатијам паднале за речиси 80 проценти, повлекувајќи го со себе удолу и акцискиот индекс Сенсекс за 7,3 отсто.
|




Индиската Влада ќе ја зајакне регулативата





