| Денеска инаугурација на Барак Обама |
| World - Business | |||
| Tuesday, 20 January 2009 10:01 | |||
44-тиот претседател на САД, денес ќе положи заклетва.
Историчарите потсетуваат дека инаугурацијата на првиот претседател на САД, Џорџ Вашингтон во 1789 година во Њујорк била скромен настан. Во денешно време, свеченото устоличување на новиот американски лидер е повеќедневна свеченост која подразбира парада, концерти и бројни балови. На инаугурацијата на Обама, според проценките ќе присуствуваат околу два милиони луѓе, под многу силни мерки за безбедност. Централниот настан е заклетвата, која претседателот традиционално ја положува пред врховниот судија на САД пред зградата на американскиот Конгрес, и инаугурацискиот говор, со кој новиот американски лидер соопштува во која насока планира да ја води земјата во наредните четири години. Обама заклетвата ќе ја положи на Библијата која во 1861 година при инаугурацијата ја држел Абрахам Линколн. Независно од времетраењето на претседателскиот говор, самата инаугурација за Американците е важна традиција која сведочи за демократскиот континуитет и мирниот трансфер на власта во нивната земја.
|




44-тиот претседател на САД, денес ќе положи заклетва. 





