Banner
Јаху со загуба од 303 милиони долари
World - Business
Friday, 30 January 2009 08:25
yahoo1.jpg На голбално ниво прометот на овој гигант е за 10 отсто помал.

Американската компанија „Јаху“, еден од гигантите во областа на интернет пребарувањето, во четвртиот квартал во деловната 2008 година забележа нето загуба од 303 милиони долари, пред се поради отпис на долговите и вонредните трошоци за реструктуирање. Доколку не се сметаат овие трошоци, „Јаху“ би забележал профит од 238 милиони долари, што е повеќе од очекувањата на аналитичарите. Профитот по акција на „Јаху“ би изнесувал 17 центи, додека аналитичарите очекуваа дека тој ќе биде 13 центи.

Прометот на „Јаху“ во четвртото тримесечје достигна 1,8 милијарди долари, што претставува пад од еден отсто во однос на истиот лански период, бидејќи во тој квартал компанијата имала трошоците по основа на отпуштањето на 1.500 вработени. Доколку од тој износ се одбијат трошоците на рекламните партнери, приходите на компанијара во последното ланско тримесечје чинеле 1,38 милијарди долари. Приходите на „Јаху“, исто како и кај повеќето други интернет компании, претежно зависат од рекламите.

На глобално ниво вкупниот промет на овој американски гигант опаднал за 10 отсто, но во САД  пораснал за два проценти. Според декемвриските податоци од истражувачкиот кабинет „КомСкор“, „Гугл“ во САД држи 63,6 отсто од пазарот на интернет пребарувањето, а потоа следат „Јаху“ со 20,5 отсто и „Мајкрософт“ со 8,5 отсто.

(Сител)

 

 

COMPANIES

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

FUNDS


Exchange rates from NBRM

06.02.2012

Buying Selling
EUR61.196761.8117
USD46.50246.9694
GBP73.53674.2751
CHF50.785651.296
SEK6.91646.986
NOK8.00588.0863
JPY0.610.61
DKK8.23288.3155
CAD46.399846.8661
AUD49.708950.2085
Copyright MK FUNDS © 2009 All Rights Reserved. Designed by Imaginative Advertising.