| Франција бара деблокирање на преговорите со Хрватска |
| World - Economy | |
| Sunday, 23 November 2008 15:03 | |
Доколу успее францускиот план ќе се отворат уште 10 преговарачки поглавја Незадоволни со фактот дека во текот на нивото преставување не беа отворени сите преговарачки поглавја со Хрватска, французите им порачаа на словенците итна деблокада на хрватските преговори, објавува ХТВ. Овој предлог беше им претставен на државниците на Хрватска и Словенија во Брисел пред десет дена. Повикувајќи се на високи извори од Париз, ХТВ смета дека има реални шанси за успех.
Конкретните делови од планот сеуште не се познати, бидејќи денес премиерот на Хрватска треба да даде писмена изјава за начинот на преговарачкиот процес да не ја премине границата.
Доколу успее францускиот план, на меѓународната конференција на 19 декември, би можело да се очекува дека ќе бидат отворени уште 10 преговарачки поглавја. На истата конференција би можеле да се затворат 4 поглавја, со што вкупниот број на затворени поглавја до крајот на 2008 година би изнесувал осум.
(Сеебиз)
|




Доколу успее францускиот план ќе се отворат уште 10 преговарачки поглавја 





