| УниКредит банка праќа во предвремена пензија 3.700 вработени |
| World - Economy | |||
| Friday, 05 December 2008 14:52 | |||
Најголемата италијанска банка склучи договор со синдикатите.Договорот предвидува понуда за предвремено пензионирање на 3.700 вработени, изјавил денес Блумберг, пишува италијанскиот весник ИЛ Месаџеро. ИЛ Месаџеро не го наведува изворот на своите информации. Планот на УниКредит банка предвидува дека 1.300 вработени би требало да отидат во предвремена пензија во текот на следната година, а останатите 2.400 во 2010 година. Весникот наведува дека поголемиот дел од пензионирањето ќе се спроведе во Рим и Палермо, каде свои седишта имаат филијалите на УниКредит- Банка Сицилија и Банка ди Рома.
Двегодишниот план вклучува и вработување на 400 нови работници, тврди италијанскиот дневник. Како потсетување, УниКредит во третото тримесечие годинава забележа пад на добивката од 54% во однос на минатогодишниот период, која сега изнесува 551 милони евра. Благодарение на воведувањето на нови сметководствени стандарди, кварталните извештаи објавиле подобри резултати наспроти очекувањата на аналитичарите, и покрај последиците предизвикани од финансиската криза.
|




Најголемата италијанска банка склучи договор со синдикатите.





