| Криза и во Канада |
| World - Economy | |||
| Sunday, 07 December 2008 09:21 | |||
Во Канада најголем пад на вработеноста за изминатите 26 годиниЕкономската криза ја погоди и Канада каде во ноември е забележан најголем број на губење работни места за повеќе од 26 години. Според Централниот статистички завод, во тој месец без работа останале 70.600 луѓе, најмногу од јуни 1982 година. Најмногу работи места се затворени во Онтарио кој е центар на преработувачката индустрија во државата и во кој се наоѓа седиштето на автомобилската индустрија. За отпуштање на работници влијаеше падот на светскиот економски раст поради глобалната финансиска криза која отежнува добивање кредити. Стапката на невработени во Канада каде живеат околу 33 милиони луѓе во ноември е зголемена на 6,3 отсто од октомвриските 6,2 отсто. Аналитичари сметаат дека тоа е само почеток на бранот отпуштања во компаниите во Канада. Неповолните вести за пад на вработеноста во ноември се случуваат во време кога канадскит премиер Стивен Харпер го распушти парламентиот до крајот на јануари идната година. (Сител телевизија)
|




Во Канада најголем пад на вработеноста за изминатите 26 години





