|
Новата веб страна Јуропиана блокирана! |
|
World -
Economy
|
|
Sunday, 23 November 2008 05:12 |
За само еден месец, бројот на посетители се покачи на 10 милиони на час
Порталот кој Европската заедницаго лансираше пред само еден месец, на 20 ноември годинава, за извонредно кусо време предизвика толку голема заинтересираност на посетители од целиот свет, што од пред неколку дена страната едноставно веќе нема капацитет да ги прими сите што сакаат да ја разгледаат. Меѓутоа, од проектот што раководи со порталот и го администрира истиотво рамките на програмата еКонтент плус , најавуваат дека ќе вложат уште поголеми напори, за порталот да биде уште покорисен за корисниците, со поробусен избор на теми и многу повеќе опфатени области. Освен тоа, околу средината на декември, кога се очекува порталот повторно да проработи, тој ќе може да се чита на сите јазици кои се користат во Унијата, за разлика од сега, кога тоа е можно само на англиски јазик.
|