| Соработка помеѓу Русија и Венецуела |
| World - Economy | |||
| Thursday, 27 November 2008 08:39 | |||
Венецуела и Русија потпиша пакет договори за соработка
Претседателите на Венецуела и на Русија Уго Чавес и Дмитриј Медведев денеска во Каракас потпишаа пакет-договори, меѓу кои за соработка во сферата на нуклеарната енергија, за безвизно патување, за изградба на бродови и договор за гасни и нафтени проекти.
Медведев на заедничката прес-конференција соопшти дека за две недели ќе биде потпишан меѓувладин договор за формирање на руско-венецуелска банка. Тој истакна и дека Москва и Каракас ќе ја продолжат и воената соработка во согласност со меѓународнотио право. Чавес наведе дека Венецуела и Русија заедно со ОПЕК „да воспостават нормални цени на нафтата“. Медведев во Венецуела допатува од Бразил, каде ќе присуствува на поморските воени вежби во Карибско Море. (Сител телевизија)
|




Венецуела и Русија потпиша пакет договори за соработка






